Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ разговараше со играчите од болница пред натпреварот кој вчера се одигра против Милан.
Синиша е во болница, откако објави дека му се вратила леукемијата, а ова беше прв натпревар на Болоња по овие случувања.
-Ова е тешко време за нас. Михајловиќ не замоли на да не попуштаме ни момент, како што и тој тоа го прави. Беше горд на нас, истакна неговиот помошник Емилио де Лео.