По трите порази во низа од кои еден во финалето од Лигата на шампионите, Пеп Гвардиола конечно се израдува на првата победа против Челси со Тухел на клупата.
Манчестер Сити славеше на Стемфорд Бриџ со 1-0 во уште едно ремек-дело на шпанскиот стручњак кој тотално го надигра својот германски колега и му одржа лекција по модерен фудбал. Сити беше апсолутно подобар противник, а конечниот резултат не го отсликува она што се случуваше на теренот бидејќи домашните фудбалери два пати ја вадеа топката од гол-линијата, спречувајќи со тоа тотален дебакл пред своите навивачи.
GABRIEL JESUS! Chelsea 0x1 City https://t.co/f1h8CPlYr9
— Sala12 (@OficialSala12) September 25, 2021
Погодокот на одлука го постигна Габриел Жезус во 53. минута, а Сити не му дозволи на противникот ниеден директен удар кон голот на Едерсон што најдобро ја потврдува доминацијата на гостинскиот тим.