среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Станковиќ каков никогаш не сте го виделе- се качи на оградата и почна да ја води прославата на Делиите

ВИДЕО: Станковиќ каков никогаш не сте го виделе- се качи на оградата и почна да ја води прославата на Делиите

На социјалните мрежи се појави видео од еуфоричната прослава на тренерот на Црвена Звезда, откако неговиот тим се пласираше во групната фаза на Лигата на Европа.

Тимот од Белград во плеј офот го исфрли романскиот Клуж и во групата ќе играат против Брага, Лудогорец и Митјиланд.

Тренерот на шампионот на Србија покажа колку му значи овој успех, па си даде слобода да прослави. Се качи на оградата и го поведе навивањето на навивачите на Црвена Звезда. Подоцна призна дека го понеле емоциите.