Адама Траоре е најновото засилување на Барселона во зимскиот преоден рок. Крилниот напаѓач на „Камп Ноу“ пристигна како позајмен од Вулверхемптон со можност за перманентен трансфер во летниот трансфер прозорец.
Траоре се враќа во Барселона каде што настапуваше во младинските категории, и во вториот тим, но никогаш не дебитираше за првата екипа.
-Многу сум среќен што се вратив тука. Ова за мене е посебен момент. Тука пораснав, заедно со моето семејство и пријателите. Таа среќа која ја чувствувам сакам да ја пренесам и на теренот, – изјави Траоре кој ќе има официјална презентација на 2 февруари.
Returning home is always special.
💪 @AdamaTrd37‘s first day back pic.twitter.com/ZRRHdK37fJ
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 29, 2022
❝ I’m so happy to come back here! ❞
— @AdamaTrd37 pic.twitter.com/rooMTeBzHR
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 29, 2022