четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Вест Хем рутински го освои Загреб, победнички старт за Црвена Звезда

ВИДЕО: Вест Хем рутински го освои Загреб, победнички старт за Црвена Звезда

Динамо Загреб ја отвори новата сезона во Лига Европа со пораз на домашен терен од Вест Хем (0-2).

Капитенот Аријан Адеми остана на терен во текот на сите 90 минути, а Стефан Ристовски беше заменет во вториот дел. Нивниот учинок денес не помогна да се избегне негативен резултат против фаворизираниот тим од Лондон.

Динамо Загреб – Вест Хем 0-2:

Гостите од Англија започнаа одлично и доминираа на теренот од самиот почеток. Искористија еден подарок на Кевин Теофил-Катерине, кој му овозможи на Микаил Антонио рутински да ја погоди домашната мрежа. Мечот беше одлучен во воведните минути од вториот дел. Деклан Рајс реализира една одлична соло акција и стави точка на мечот во Загреб.

Финишот во Белград донесе три гола и радост за Црвена Звезда во дуелот со Брага (2-1). Се чекаше дури до 75. минута за Милан Родиќ да го отвори резултатот. Гостинската екипа возврати во следната акција, кога Галено биеше без размислување и го пронајде патот до голот на домаќинот.

Црвена Звезда – Брага 2-1:

На пет минути до крајот, српскиот првак доби шанса за победа од пенал. Фаул направи Тормена, а Александар Катаи смирено погоди за конечни 2-1.