Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд во Премиер Лигата стана страв и трепет за противничките одбрани. Како што изјави Рио Фердинанд, веднаш ги соборил сите можни рекорди во Премиер лигата.
Не се малку оние кои велат дека во денешниот фудбал нема дефанзивци од калибарот на Немања Видиќ и Рио Фердинанд и дека норвешкиот „робокап“ не би можел така лесно да постигнува голови против нив.
„Не би му дозволил да оди зад мене. Не е толку опасен кога игра очи в очи со противникот, сака да трча позади. Сега тоа е полесно да се каже отколку да се направи, бидејќи кога играш против Сити, Гвардиола секогаш наоѓа начин“, изјави Немања Видиќ.
И додаде коментар кој ги насмеа сите во студиото во Рио Фердинанд.
„Мислам дека и јас ќе постигнев 30 гола да бев шпиц кај Гвардиола… Во денешниот фудбал веќе немаме вистински деветки како Дрогба и Ибрахимовиќ. Покрај Халанд, тука е и Влаховиќ, кој малку се мачи во Јувентус, но се уште е млад и се надевам дека брзо ќе закрепне“.
Домаќините во студиото го прашаа Видиќ што мисли дали Манчестер Јунајтед треба да го донесе Влаховиќ.
„Кога избирате играч за клуб, треба да одлучите и каков фудбал сакате да играте. Треба да купите играч кој е добар за вашиот тим, а не затоа што сега е во мода, што би им се допаднало на навивачите. Кога Алекс Фергусон реши да ме донесе од Спартак Москва, кој знаеше кој е Немања Видиќ“, изјави поранешниот српски ас.