недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Виљареал го отпушти Каљеха, се отвори место за Емери

Виљареал го отпушти Каљеха, се отвори место за Емери

Раководството на шпанскиот фудбалски прволигаш, Виљареал, му додели отказ на тренерот Хавиер Каљеха.

Четириесет и двегодишниот фудбалски стручњак го предводеше Виљареал уште од сезоната 2017/18. На 10 декември 2018 тој поднесе оставка, но се врати по месец и половина – на 29 јануари 2019 година.

Под водство на Каљеха, Виљареал има забележано 57 победи, 30 реми и 44 порази.

Во сезоната 2019/20, екипата заврши на петтото место и обезбеди учество во Лигата на Европа.

Според шпанскиот печат, Каљеха ќе го замени Унаи Емери кој беше отпуштен од Арсенал во ноември минатата година.