Реал Мадрид го доби градското дерби против Атлетико на „Сантијаго Бернабеу“ со 2-0, а на овој начин „кралевите“ направија нов голем чекор кон освојување на титулата во Ла Лига. Лука Модриќ повторно беше маестрален и диригираше со играта на „кралевите“, а најголемата пофалба ја доби од својот соиграч Винисиус Жуниор кој беше асистент на двата гола.
Реал Мадрид има осум бода предност пред второпласираната Севилја, а дури 13 бода позитива во однос на градскиот ривал Атлетико. Предноста во однос на Барселона е фантастични 18 бода.
„Велат дека Модриќ има 36 години. Мене ми се чини дека има само 22 години. Се што прави изгледа лесно, а на теренот прави неверојатни работи и е еден од најдобрите кои ја играат оваа игра. Секогаш ни дава совети, тој е одлична личност на теренот и надвор од него. Кога играм со него, Касемиро и со Крос, играм со тројцата најдобри во светот“, изјави Винисиус.