Maкедонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу по паузата која траеше месец ипол се врати на терените во дресот на својот тим. Муслиу настапи за Инглоштад на гости против Ое, во натпреварот во кој неговиот тим стигна до победата.
Фудбаларот од одбраната во изминатиот период отсуствуваше од терените поради повреда која ја заработи во настапот за Македонија против Малта. Поради таа повреда Муслиу го пропушти пријателскиот натпревар против Фарски Острови.
Со победата Инглоштад и дефинитивно избега од опасната зона и на едно коло пред крајот се наоѓа на 11-то место со 47 бодови ов третата германска лига.
Враќањето на Муслиу е добра вест за селекторот Благоја Милевски кој ќе може да смета на него во јунскиот циклус квалификации во кој ќе играме против Украина дома и Англија на гости.