Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски има нов клуб, стави потпис на договор со Горица.
Стојановски откако не се снајде најдобро во Франција, го раскина договорот со Ним и се пресели во Хрватска, денеска беше промовиран како ново засилување на Горица.
„Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски е нов играч на Горица! Во Горица дојде како слобден играч и потпиша договор до 2024 година“, стои во соопштението на хрватскиот клуб.Стојановски вели дека е среќен со трансферот во Горица.
„Се чувствувам одлично, мило ми е што дојдов во еден добро организиран клуб кој од година во година се повеќе напредува и има големи амбиции. Хрватската лига ми ми се допаѓа, ја следев и досега и мислам дека е многу квалитетна“, вели Стојановски.