недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Влезниците за мечот Македонија – Германија по цена од 100, 300 и 500 денари во продажба од понеделник

Влезниците за мечот Македонија – Германија по цена од 100, 300 и 500 денари во продажба од понеделник

Фудбалската федерација на Македонија ги објави цените на билетите за мега-дуелот со Германија на 11. октомври и тие чинат од 100 до 500 денари.

Продажбата почнува веќе од утре преку продажната мрежа на „Мк.Тикетс“. Стартот е со електронска продажба на билети, а на билетарницата пред националната арена „Тодор Проески“ ќе има продажба на одреден контингент на влезници од 9. до 11. октомври.

Најевтини се билетите за Западната трибина и чинат по 100 денари, а по 300 денари се за дел од блоковите на Јуѓната и на Сееврната трибина.

Најскапи се билетите за цебтралните делови на овие две трибини и тие ќе чинат по 500 денари. За влез треба да се почитуваат стандардните протоколи за Ковид-19.

Капацитетот на нашиот најголем стадион е околу 33 илјади места, па согласно со одлуката за 50 посто продажба на влезници ќе бидат пуштени во продажба околу 16 илјади билети.

Македонија ќе игра два меча во октомври, а првиот е против Лихенштајн на осми во Вадуз и потоа за првпат во историјата ќе играме на домашен терен против четирикратниот светски шампион Германија.

Мечот е на распоред на 11. октомври во Скопје од 20.45 часот. Македонија приреди сензација во март во Дуисбург и победи со 2:1 против големиот фаворит во Ј групата за настап на Мундијалот во Катар.