На вечерашниот натпревар помеѓу Келн и Аугсбург бевме сведоци на еден прекрасен погодок кој сигурно ќе конкурира за најубавите светски погодоци во една сезона.
Гостите од Аугсбург со 2:0 го добија првиот натпревар од 16. коло од Бундеслигата кој го играа против Келн, а вториот погодок од средбата уште долго ќе се врти во јавноста.
Хан во 72. минута донесе предност за Аугсбург од 1:0, а моментот на натпреварот се случи во 88. минута кога Дорш со одмерен удар од голема далечина по втор пат ја затресе мрежата на Келн.
Голот на Дорш со сигурнсот ќе влезе во конкуренција за „Пушкаш“ наградата која секоја година се доделува на играчот кој го постигнал најубавиот погодок во светот.
Што се однесува до состојбата на табелата на двата тима по вечерашниот натпревар, Аугсбург се подигна од опасната зона и се наоѓа на 14. позиција, додека пак Келн остана деветтопласиран.
Simply stunning from Niklas #Dorsch in #KOEFCA as @FCA_World secure a vital first away win of the season in the #Bundesliga. ⚽😵 pic.twitter.com/nt70ByVkm5
— Bundesliga English (@Bundesliga_EN) December 10, 2021