недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Во чест на Адеми Динамо Загреб го повлече дресот со број пет

Во чест на Адеми Динамо Загреб го повлече дресот со број пет

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми по 13 години си замина од Динамо Загреб и во наредниот период ќе го гледаме во Кина во редовите на Пекинг Гуан.

Со ова Адеми стави крај на една убава приказна која во иднина може ќе продолжи со поинаква улога со оглед на тоа што нашиот репрезентативец порача дека сака еден ден да биде тренер на Динамо.

Во меѓувреме клубот од Загреб уште еднаш покажа колку го цени, почитува Аријан, па привремено го повлече дресот со број пет.

Хрватскиот великан поради почитување кон сите легенди кои минале низ клубот не планира да „пензионира“ ниту еден број, но кога е во прашање Адеми и неговата „петка“ таа привремено ќе биде повлечена и никој нема да употребува се додека популарниот Аки не реши да ги закачи копачките на клин.