недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Во четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Во четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Со натпреварот меѓу Казахстан и Словенија утре почнуваат квалификациите за пласман на 17. Европско фудбалско првенство кое од 14 јуни до 14 јули идната година ќе се одржи во Германија.

Утрешната програма вклучува уште седум натпревари, вклучувајќи ги дуелот на македонската репрезентација против Малта во Скопје од 20: 45 часот, како и дербито во истата група Ц меѓу Италија и Англија.

Во квалификациите за ЕУРО2024 учествуваат 53 репрезентации поделени во десет групи.

На завршниот турнир ќе настапат 24 репрезентации. Германија, како домаќин, веќе обезбеди настап на ЕУРО2024. (МИА)