четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Во ЛЕ Ристовски и Динамо славеа, но Севиља оди понатаму

Во ЛЕ Ристовски и Динамо славеа, но Севиља оди понатаму

Динамо Загреб со 1:0 ја совлада Севиља во реванш натпреварот од нокаут фазата во Лигата на Европа, но пласман во следната рунда обезбеди шпанскиот тим. Севиља славеше со вкупен резултат 3:2.

Капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски играше до 61 минута, додека Аријан Адеми поради повреда не настапи.

Фудбалерите на Порто одиграа 2:2 на гостувањето кај Лацио и со вкупен резултат 4:3 одат понатаму. Лацио поведе со голот на Чиро Имобиле во 19 минута, а Порто само 12 минути подоцна израмни преку Тареми.

Пласманот во следната рунда на Порто го обезбеди Урибе со голот во 68 минута, а Лацио единствено што успеа да направи до крајот беше да се спаси од нов пораз и тоа во 95 минута со голот на Каталди.

Аталанта и во вториот натпревар го победи Олимпијакос (0:3) и во осминафиналето оди со вкупен резултат 1:5.

Пласман во осминафиналето обезбеди и Лајпциг кој со 3:1 победи на гостувањето кај Реал Сосиедад.

Резултати:
Динамо Загреб – Севиља 1:0 1:3 прв нат.
Лацио – Порто 2:2 1:2 прв нат.
Олимпијакос – Аталанта 0:3 1:2
Реал Сосиедад – Лајпциг 1:3 2:2