недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВО ЖИВО: Хрватите пристигнуваат на плоштадот, а еве каква беше атмосферата во авионот

ВО ЖИВО: Хрватите пристигнуваат на плоштадот, а еве каква беше атмосферата во авионот

Денеска од Москва на пладне полета авионот со хрватската фудбалска репрезентација која на последното Светско првенство (СП) во Русија кое заврши вчера го освои сребрениот медал.

Атмосферата во авионот, по долгата и непреспиена ноќ полека се вжештуваше, а кулминацијата е сега кога „огнените“ пристигнуваат на загребскиот плоштад „Бан Јелачиќ“ меѓу 16 и 17 часот.

Дочекот на хрватската фудбалска репрезентација во живо на плоштадот во Загреб „Бан Јелашиќ“  го следат во живо 250 најугледни телевизиски станици од целиот свет.

Настанот се снима со 60 камери, а планот е на бината да бидат 23 играчи и никој друг. Нема место за политичари, најавува организаторот.