четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Војводи Тетово“: Во ниту еден момент не сме подале рака за смирување со навивачите на Шкендија

„Војводи Тетово“: Во ниту еден момент не сме подале рака за смирување со навивачите на Шкендија

Почитувани граѓани на Република Македонија, тетовчани, медиуми и новинари.

За нештата да бидат појасни и да се дознае целата вистина ве замолуваме сите да го споделите ова наше последно соопштение околу настаната ситуација во Тетово со цел да се дознае целата вистина и да знае целата македонска јавност за што всушност станува збор.

На некои порталите и медиуми како и претходниве денови така и вчера се раширија тешки дезинформации, невистини и поради таа причина сакаме да ве информираме дека ние како навивачка група ВОЈВОДИ, НЕ СМЕ поддале рака на навивачите на шкендија за помирување и за смирување на целата ситуација.
Вчера дел од нашето раководство беа повикани во СВР Тетово на разговор околу целата настаната ситуација. Се разговараше за многу работи, но во ниту еден момент НЕ СМЕ подале рака за смирување и нема да подадеме од повеќе причини.

Првата причина е тоа што ние немаме никаква одговорност и поврзаност со нападот на жени и деца во едно македонско кафуле кое го изврши навивачката група на шкендија.
За тој напад треба да одговараат навивачите на шкендија, а не ние.

Втората причина е тоа што за време на нашата прослава која беше уредно пријавена во СВР Тетово, ПОМИНА БЕЗ НИТУ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ, а за тоа се сведоци камерите кои цело време го пратеа нашето движење, бројните полициски службеници и нашите гости кои допатуваа во Тетово. И покрај сето ова некој сака да ја убеди целата јавност и да не набедат нас дека ние сме правеле инциденти и дека сме поттикнале омраза што буквално нема врска и се оградуваме од тоа и сакаме да кажеме дека тоа е чиста лага и манипулација на јавност од некои лица со цел да се прикрие насилното однесување на навивачите на шкендија и неспособноста на МВР.

Трета причина за која нема да подадеме рака е името на таа навивачка група кое треба да се забрани затоа што кога сме веќе кај поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост тоа нивно име поттикнува омраза и револт кај секој Македонец бидејќи имаат име поврзано со нашата историја, кое е не достојно и провокативно, а потоа и на секој нивни натпревар сме сведоци на понижување на македонскиот народ, македонското девојче и држава и како и во неделата така и секој друг натпревар се скандираа и вадат пароли за “Голема Албанија” за кои полицијата секогаш е слепа и глува и никогаш не интервенирала дури и во случаи и кога се палело македонското знаме.

И четвртата причина за која нема никогаш да подадеме рака е тоа што никогаш не би си дозволиле да правиме со некоја група примирје се додека од грлата на таа група се скандира име на терористичка организација која пред 17 год. го протеруваше македонското население од тетовскиот регион, палеше куќи, рушеше манастири и убиваше недолжни луѓе и ги убиваше нашите бранители. Тоа никогаш нема да го дозволиме и направиме !

Со ова наше соопштение сакаме да ви упатиме апел до вас порталите и медумите да не ширите лаги и шпекулации и кога веќе нешто ќе сакате да напишате за нас или ве интересира некоја случка во која сме спомнати и ние, најпрвин пред да ја објавите да се консултирате со нас за што станува збор и која е вистината или пак да ја следите оваа наша официјална страна од која можете слободно да превземате информации.
Па затоа сега кога се ви извадивме на виделина што се случува и која и вистината ве замолуваме ова соопштение да го објавите и да знае македонската јавност дека оваа игра за подавање рака или помирување која ја прави МВР во која сме и ние вклучени е со една цел, а таа цел е никој од навивачката група на шкендија да не одговара за нападот кои го направија врз жени и деца. Сето ова се прави со цел да се прикријат сторителите на овој напад и неодговорноста на полицијата за обезбедување на тоа кафуле и исто така да се направи прикривање и за тепањето на неколку млади лица од македонска националност меѓу кои и малолетни деца во петокот вечерта и саботата кои биле нападнати од поголема група на албанци од позади грб со дрва и шипки.
За ова ниту СВР Тетово, ниту вие порталите и медиумите не се огласивте и молчевте.
Па исто така во ова соопштение сакаме и јавно да запрашеме :
Кој ли сака да ги заштити навивачите на шкендија ? Зошто никој не превзема одговорност ? Зошто секогаш они кога ќе направат проблеми да бидат заштитувани како бели мечки ? Зарем истото ли ќе се случуваше доколку ние како навивачка група нападневме албанско кафуле полно со жени и деца ? Дали тогаш некој ќе сакаше да не седне на маса за смирување на страстите, за примирје ? Дали тогаш ние ќе бевме не казнети ? НЕ !
Ова да го направивме ние сега веќе ќе бевме одма гонети и притворени. Затоа нема примирје и подавање рака бидејќи ние не сме учествувале во никаков судир и бараме надлежните органи да ги откријат сторителите и да ги казнат, а доколку тоа не го направат ќе повикаме на масовни протести.

Со почит
ВОЈВОДИ ТЕТОВО.