Пеле, официјално најдобриот фудбалер на 20 век, беше примен во болница во Сао Паоло.
Според медиумите, состојбата на бразилскиот ас е многу лоша. Веќе подолго време боледува од рак на дебелото црево и моментално терапите не помагаат.
Пеле во неколку наврати лежеше во болница, од каде бил отпуштен по хемотерапија.
Иако медиумите пишуваат дека неговата состојба е многу лоша, се огласи и неговата ќерка која рече дека немало итни или отежнувачки околности.
Пеле е единствениот играч во историјата кој три пати го освоил Светското првенство. Тој се уште е најдобар стрелец на Бразил во историјата.