четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Врие во Барселона, Лапорта подготвува нешто неочекувано

Врие во Барселона, Лапорта подготвува нешто неочекувано

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, се најде во фокусот во претходните денови поради заминувањето на Лионел Меси, кој мораше да си замине поради незавидната ситуација во клубот, а продолжението од приказната може да се очекува веќе во понеделник, за кога е закажана нова прес-конференција.

Фудбалерите на Барселона го исчекуваат првиот меч оваа сезона во Ла Лига против ослабениот Реал Сосиедад, а веќе сега фокусот е префрлен надвор од теренот.

Лапорта во понеделник ќе се обрати до јавноста и ќе даде одговор на својот претходник на местото прв човек на клубот Жозеп Марија Бартомеу, кој во очите на фудбалската јавност е најголемиот виновник за финансискиот крах на „Камп Ноу“.

Бартомеу се повлече од клубот, но по заминувањето на Меси се осуди да испрати писмо до јавноста напаѓајќи го Лапорта, се со цел да ја сокрие својата вина. Но, според пишувањата на каталонски „Спорт“, Лапорта нема да му остане должен.

Точката на расколот е Лео Меси, а сега е ред Лапорта да му одговори на Бартомеу, а се очекува да открие и повеќе детали околу целата ситуација во клубот.