Калчолигашот Џенова е на добар пат да избори опстанок, откако синоќа во градското дерби ја совлада Сампдорија со 2:1.
За тимот на Горан Пандев ова беше втор триумф во низа по кој на три кола до крајот на сезоната во Серија А ја задржа предноста од четири бода пред конкурентот за опстанок Лече.
Резултати на натпреварите од 35. коло одиграни вчеравечер:
Парма – Наполи 2:1
Интер – Фиорентина 0:0
Лече – Бреша 3:0
Сампдорија – Џенова 1:2
СПАЛ – Рома 1:6
Торино – Верона 1:1.
Колото ќе се комплетира вечер со средбите Удинезе – Јувентус и Лацио Каљари.
Води Јувентус со 80 бода, пред Аталанта со 74, Интер со 73 и Лацио кој има 69 бода.