Карло Анчелоти му соопшти на талентираниот Такефуша Кубо дека одново ќе мора да бара нова дестинација надвор од Реал Мадрид, па во период од четири години, младиот Јапонец ја реализираше и четвртата позајмица.
Офанзивниот фудбалер кој има само 20 години ќе му биде соиграч на Александар Трајковски во новата натпреварувачка сезона, што ќе претставува негова втора етапа на Балеарските Острови.
Кубо пред две години настапуваше за Мајорка и потоа имаше уште две позајмици во Вилјареал и Хетафе, па сега се реши да добие втора шанса во тимот кој оваа сезона се врати во шпанската Примера.
Целта на Реал е Кубо да добива редовна минутажа во најсилното друштво со цел да го продолжи развојот, но Мајорка ја направи впечатлива оваа позајмица и со начинот на кој го претстави засилувањето на три дена пред стартот на новата сезона.
– Вторите етапи знаат да бидат подобри, – гласи објавата на Мајорка во која Кубо пристигнува во клубот на велосипед.
🎞 Segundas partes…pueden ser aún mejores 😍
🇯🇵 ¡Bienvenido de nuevo, Take!
🎌 お帰りなさい、タケ!#VeranoAzul 👺💙 pic.twitter.com/Wen74SrPLu
— Real Mallorca (@RCD_Mallorca) August 11, 2021