Полските хулигани кои направија тотален хаос пред Националната Арена „Тодор Проески“ во петокот попладне, кога групи од по стотина припадници меѓусебно се тепаа во градскиот парк имале второ полувреме само што стапнале на домашно тло, па се дотепале.
Во Скопје, ултрасите на Видѓев Лоѓ се судрија со ривалите од ЛКС Лоѓ заедно со збратимените навивачи на Лех Познањ. Хаосот траел „половина час“, а иако интервенираше и полицијата, полските хулигани не отстапиле од својата жестока битка. И пресметката била договорена уште од поодамна помеѓу ривалските групи, па Скопје им било идеално место за да се пресметаат.
Во тоталниот хаос, 223 навивачи пред Арената беа уапсени, па речиси цел ден минаа во притвор, по што откако платија казни за нарушување на јавниот ред и мир беа набркани од земјава.
Арно ама, битката на скопскиот кеј не го дала победникот, па морало да има и „второ полувреме“ од пресметката, каква што во Македонија не се случила, а и македонската полиција беше зачудена од невидената желба хулиганите да се испотепаат меѓусебе. На крајот, ултрасите на ЛКС Лоѓ ги сочекале ривалите ов Видѓев, откако се вратиле и во пресметката извојувале навивачка победа со одземање на знамето со кое црвените од Лоѓ се сликаа и на фонтаната на Александар Македонски.
Извор: Спорт 1