понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Вулверхемптон во преговори со Лопетеги

Вулверхемптон во преговори со Лопетеги

Англискиот фудбалски прволигаш Вулверхемптон е во поодмината фаза на преговори со Јулиен Лопетеги за да седне на тренерското столче, јавија денеска британските медиуми.

Според истите извори, двете страни неделава ги обновиле преговорите, откако шпанскиот стратег минатиот месец ја одби понудата на Вулверхемптон да го ангажира Лопетеги на местото на Бруно Лаж.

– Клубот и самиот тренер се надеваат дека наскоро ќе биде постигнат договор, особено поради тоа што Лопетеги е без ангажман по отказот во Севиља, објави телевизијата Скај.

Лопетеги во преговорите го застапува познатиот менаџер Жорж Мендеш, кој е близок соработник на раководството на Вулверхемптон.