Дарко Чурлинов покажа добри перформанси во предсезоната и имаше добар старт во Купот на Германија со победнички гол што е доволна причина Штутгарт да го задржи македонскиот репрезентативец што подолго во своите редови.
По враќањето од позајмицата во Шалке нашиот играч има три гол и две асистенции што ги активира и клубовите на трансфер пазарот да ја следат ситуацијата со Македонецот.
Помеѓу оние кои покажуваат интерес е англискиот клуб Барнли кој настапува во Чемпионшип, а има амбиции следната година да се врати во Премиер лигата.
Штутгарт одреди цена за Чурлинов, односно нема намера да го продаде за помалку од пет милиони евра.
Чурлинов би можел да биде 10 засилување во летниот преоден рок за менаџерот на Барнли, Винсен Компани.