четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Замена за Чалханоглу: Кутињо понуден на Милан

Замена за Чалханоглу: Кутињо понуден на Милан

Фелипе Кутињо би можел конечно да ја напушти Барселона, по трите години поминати на Камп Ноу во кои воопшто не се прослави.

Шпански медиуми тврдат дека „каталонците“ му го понудиле Бразилецот на Милан, а калчолигашот сериозно ја разгледува можноста да го донее бразилскиот ас во своите редови. Меѓу другото, тој би требало да биде замена за Хакан Чалханоглу кој летово ја смени страната и се пресели во Интер.

Ако ова се оствари, Кутињо вторпат во кариерата ќе игра за два градски ривали. Досега настапуваше за Еспањол и Барселона, а во минатото, од 2008 до 2013 година беше член на Интер.