Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, започна Изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија на кое единствен кандидат за нов мандат на чело на ФФМ е досегашниот претседател Муамед Сејдини.
На Собранието, и покрај тоа што Агенцијата за млади и спорт вчера испрати соопштение дека нема да го призне, присутни се и претставници и гости од Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет.
Од АМС е присутен заменик-директорот Авни Рустеми, додека од МОК е генералниот секретар Сашо Поповски.
Муамед Сeјдини е предлог на ОФС Кичево за нов претседател на ФФМ со четиригодишен мандат. Доби поддшка и од уште 20 општински фудбалски сојузи од вкупно 26 колку што се членки на Собранието на ФФМ.
На Собранието свое делегати, поради несогласување со досегашното раководство на ФФМ, немаа од општинските фудбалски сојузи од Струмица, Кочани, Тетово, Охрид.