Арон ван Бисака го заработи првиот црвен картон во новата сезона од Лигата на Шампионите, апсолутно заслужено по бруталниот старт на десниот бек на Јунајтед над Мартинс Переира.
Ван Бисака задоцни во обидот прв да стигне до топката и отиде директно на ногата на противникот, кој остана да лежи во агонија. Главниот судија веднаш му го покажа патот кон соблекувалната, а Ван Бисака воопшто не протестираше, свесен за бруталноста на својот старт со кој си го остави тимот на цедило на стартот од новата сезона во Лигата на Шампионите.
Манчестер Јунајтед по 45 минути игра има водство од 0-1, но останува да се види дали „црвените ѓаволи“ со играч помалку ќе успеат да ја задржат предноста и да ги освојат трите бода во Швајцарија.
#UCL #MUFC
Red Card Wan-Bissaka 🟥🎥to never miss any goal, Follow 👇🏼@IFAST66 pic.twitter.com/zu1k9YfJfT
— Follow @IFAST66 (@ifast222) September 14, 2021