Во периодот од 20 до 27 мај во Нов Дојран се одржа летен камп за млади фудбалерки родени 2007, 2008 и 2009 година.
На самиот камп учество земаа околу 40 талентирани девојчиња од цела Македонија кои се активни фубалерки во своите клубови. Целта на овој проект е да се едуцираат и селектираат млади девојки што го сакаат фудбалот.
Се одржуваат по два тренинга дневно, а со младите фудбалерки работат лиценцирани тренери и професори по физичко образование: Катерина Милевска, Бојана Танова, Александра Ристовска , Станкица Аранасова, Јовица Блажевски и Росица Коатова.
Координатор на овој проект е Добре Димовски, поранешен селектор на женската репрезентација на Македонија.