Заврши традиционалниот турнир во мал фудбал (футсал) “8-ми Септември” – Маџари- Триангла за 2021 година, кој се оддржа во време траење од еден месец и тоа од 08.08.2021 година до 25.09.2021 година.
Местото на одржување на Традиционалнен турнир во мал фудбал (футсал) “8-ми Септември” – Маџари- Триангла за 2021 година беше игралиштето на вештачка трева на ул Модест Мусоргски, во дворот на градинката Детелинка во Маџари, Триангла, Гази Баба, Скопје.
На Турнирот се одиграа 222 натпревари во 43 дена, а беа постигнати 1.168 голови.
Прво место на Турнирот освои екипата на СОС ВИТА Здружение на инвалиди.
Второ место на Турнирот освои екипата на КФ Шкендија.
Трето место на Турнирот освои екипата на Буларт Констракшн.
Четврто место на Турнирот освои екипата на Мобиленд.
На турнирот за најдобар играч беше прогласен Халим Селаманај од СОС Вита, додека за најдобар голман беше прогласен Иван Стојановски од КФ Шкендија.
На турнирот правдата ја делеа судиите Владимир Кипријановски и Симеон Стефков.
Феноменалното финале на ден 25.09.2021 година беше уште еден доказ дека турнирот во мал фудбал „8-ми Септември“ во Маџари – Триангла е најдобриот турнир што се организира во Скопје и Македонија.
Огромниот број на посетители низ текот на целиот турнир, професионалноста на екипите и големите награди покажаа дека овој турнир покрај традицијата, претставува и симбол на солидарност, дружење и меѓусебно почитување.
Пред сè, организаторот изрази и голема благодарност за главниот покровител Град Скопје и Општина Гази Баба кои што со нивната помош овој турнир го достигна врвот во организација и натпреварување, нешто што досега не се случило во нашиот главен град.
Организаторот изрази и благодарност и до сите помагатели и спонзори што најдоа начин и можност да ни помогнат во логистиката се да биде на врвно ниво, а исто така и до Црвен Крст на Гази Баба што секогаш беа тука да помогнат и интервенираат во случај на мали повреди и незгоди кај играчите.
Помагатели на Турнирот: ЈКП Гази Баба, 90,3 , Mozzart, ЦРЦ Цертус, Астра Казино, COLINES, Magari enterprisec, Viza transport, Hype., Cheap Taxi, Паркет Паркет, Агенција за млади и спрот, BE ACTIVE, Европска недела на младите, multimob, law office Jakimovska, Вардар Градба, Енергомонт, Truck Partner, Дигиком, SANIK, Изворска, Zegin, Спортска Мрежа, Гостилница Дома, Гостилница Софра Хиподром, Компанија Атанасовски и други.
Тие испратија и искрени честитки и пофалби до сите ученици што се пријавија да учествуваа за придонесот и организацијата на турнирот „8-ми Септември“ , со што се покажува и докажува дека е најдобрата манифестација во мал фудбал што некогаш се одржала во државата.
Организацијата на Турнирот продожува и следната година, која ќе биде уште поголем спектакл имајќи предвид дека е јубилејна 15-та година по ред во одржување на турнирот во мал фудбал „8-ми Септември“ во Маџари – Триангла!