вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ждрепка ЛШ: Интер влета во „група на смртта“, Македонците добија незгодни ривали

Ждрепка ЛШ: Интер влета во „група на смртта“, Македонците добија незгодни ривали

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) организираше свечена церемонија која се одржа во Истанбул, покрај наградите за најдобрите во минатата, беа извлечени и групите за новата сезона во Лигата на шампионите.

Во првиот шешир се најдоа шампионите во најсилните седум лиги, плус освојувачот на Лигата на Европа. Веќе во вториот имаше сериозни имиња како Барселона, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Челзи… додека во третиот се најдоа Интер, Наполи, Борусија Дортмунд. Македонија има три претставници во оваа сезона, Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб и Ељиф Елмас со Наполи.

Среќата посака најсилната група или „групата на смртта“ да биде Ц конкуренцијата, во која завршија Баерн Минхен, Барселона, Интер и Викторија Плзен. Македонските претставници добија незгодна ждрепка, Наполи налета на Ливерпул, Ајакс и Салцбург, додека Динамо Загреб ќе игра со Милан, Челзи и Салцбург.

Групите за новата сезона во ЛШ:
Група А: Ајакс, Ливерпул, Наполи, Ренџерс.
Група Б: Порто, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Клуб Бриж
Груба Ц: Баерн Минхен, Барселона, Интер, Викторија Плзен
Група Д: Ајнтрахт Франкфурт, Тотенхем, Спортинг, Олимпик Марсеј
Група Е: Милан, Челзи, Салцбург, Динамо Загреб.
Група Ф: Реал Мадрид, РБ Лајпциг, Шахтјор, Селтик,
Група Г: Манчестер Сити, Севиља, Борусија Дортмунд, Копенхаген
Група Х: ПСЖ, Јувентус, Бенфика, Макаби Хаифа

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе стартува на шести и седми септември со натпреварите од првото коло. Поради Светското првенство ќе се игра во забрзан ритам, па последната рунда е планирана за први и втори ноември.

Нокаут фазата и осминафиналните пресметки стартуваат на 14 и 15 февруари, четвртфиналните пресметки се играат во април, а полуфиналните во мај, додека финалето ќе се одигра на „Ататурк“ на 10 јуни.