четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Земал 30.000 евра за намерно да добие жолт картон: Познат фудбалер обвинет за местење натпревари

Земал 30.000 евра за намерно да добие жолт картон: Познат фудбалер обвинет за местење натпревари

Шведското Обвинителство подигна обвинение против четири лица, вклучувајќи двајца фудбалери, поради вмешаност во местење натпревари.

Како што јавија локалните медиуми, меѓу обвинетите е поранешниот фудбалер на шведскиот прволигаш Елфсборг, познатиот Павел Цибиски, како и уште еден играч од пониските лиги.

Цибиски се товари дека примил поткуп во износ од 30.000 евра во замена намерно да добие жолт картон на натпреварот од шведското првенство против Калмар во мај 2019. На Цибиски, кој во минатото настапуваше за шведската репрезентација до 21 година, ќе му се суди за „пасивно подмитување“ и „кршење на законот за игри на среќа“.

Доколку бидат прогласен за виновен му се заканува казна затвор од две години.