среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Зенит успеа да направи чудо: Русите анулираа предност од 4:0 и со огромна победа се пласираа во плеј-офот за Лигата на Европа (ВИДЕО)

Зенит успеа да направи чудо: Русите анулираа предност од 4:0 и со огромна победа се пласираа во плеј-офот за Лигата на Европа (ВИДЕО)

Иако се очекуваше дека Зенит лесно ќе го мине Динамо Минск, сепак после првиот натпревар од квалификациите во Лигата на Европа, каде тимот од Белорусија победи со 4:0, ситуацијата изгледаше поинаку.
Но, со може да се каже магичен реванш натпревар Зенит успеа да ја анулира предноста и со огромна победа да дојде до пласман во плеј-офот за Лигата Европа.

По регуларните 90 минути резултатот беше ист како и на првиот натпревар, но по продолженијата Зенит успеа да победи со 8:1 и со огромна победа да обезбеди двомеч за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.