Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со триумф против Кипар од 4:2 го заврши квалификацискиот турнир во Белорусија за пласман во А квалификациската група за ЕП.
Македонките со две победи (Фарски Острови и Кипар) и пораз (Белорусија) завршија на второто место во групата.
На денешниот натпревар „црвено-жолтите“ имаа негатива од два гола. Кириакиди и Замани во 21 и 24. минута донесоа предност за Кипар, но потоа следуваше целосен резултатски пресврт. Николовска во 35. минута намали на 1:2, а во второто полувреме Викторија Недева со два гола донесе водство на Македонија од 3:2. Велкова ги постави конечните 4:2 во последната минута од натпреварот.
Белорусија заврши како првопласирана во групата со максимални три победи и девет освоени бода.