Актуелните шампионките на Македонија ЖФК Љуботен за првпат во својата историја дојдоа до трофејот од националниот куп откако во денешното финале кое се играше во Ѓорче Петров, со 4-0 ја победија Каменица Саса.
Три од четирите голови за Љуботен беа дело на бразилските фудбалерки во тетовскиот тим. Серијата ја почна Делгадо со гол со глава по корнер во 18. минута, Гоја две минути подоцна зголеми на 2-0, а Едите Силва по шест минути игра во вториот дел ја обезбеди победата. Конечните 4-0 ги постави Бојана Петкова.
Љуботен има големи шанси да дојде и до двојната круна затоа што се актуелни лидерки на табелата. Во последните две кола играат со Шкендија и Каменица Саса, имаат бод предност во завршницата од сезоната.