Жоан Лапорта сака да се кандидира за уште еден мандат на претседателското место во Барса во 2026 година.
„Согласно законот, можам да го направам ова, можам повторно да се кандидирам. Се додека можам, ќе го правам тоа. И сакам да останам со мојот одбор на директори бидејќи тие вложија труд, работа и посветеност на проектот. Потоа ќе видиме“, изјави претседателот на каталонскиот клуб.
Лапорта заеднос о двајцата негови претходници се предмет на истрага на шпанскиот суд за случајот со корупција наречен „Негреира“.