Саудискиот Ал Хилал најде тренер во името на Жорге Жесус, досегашниот стратег на Фенербахче.
За Жесус ова нема да биде првпат да работи во Саудиска Арабија, зашто во истиот клуб беше во 2018 година, а сега после пет години не можеше да ги одбие милионите на Саудијците и синоќа потпишал двегодишен договор со овој клуб.
Сега ќе го тренира актуелниот светски вицешампион, откако Ал Хилал играше во финалето на клупскиот Мундијал и загуби од европскиот шампион Реал Мадрид.