четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Зидан доби јасна порака од првиот човек на францускиот фудбал

Зидан доби јасна порака од првиот човек на францускиот фудбал

Поранешниот француски фудбалер Зинедин Зидан мирно чекаше разврска на ситуацијата во француската фудбалска репрезентација, но на крајот се поочигледно е дека нема да го дочека посакуваното сценарио и веќе ќе мора да размислува за враќање на клупскиот фудбал.

Зизу направи пауза од тренерските води со цел да го дочека последниот голем турнир на Дидие Дешамп и да го наследи како селектор, но како што стојат работите, тоа нема да се случи најмалку до 2024-та година.Првиот човек на францускиот фудбал смета дека Дешамп заслужува најмалку уште две години и шанса за прва европска титула како селектор, особено после она што го покажа десеткуваниот тим на мундијалот во Катар.

Ноел Ле Грае денеска излезе со изјава за иднината на Дешамп, со што само најави дека тој е приоритет за него пред Зинедин Зидан.

– Во ниту еден момент не сум помислил на опцијата дека Дидие може да си замине. Дидие заврши одлична работа, тој е приоритет за мене и сметам дека ќе постигнеме договор за продолжување на соработката, – изјавил денеска Ле Грае.