Пари Сен-Жермен не престанува со обидите да го назначи Зинедин Зидан за главен тренер. Според новинарот „Ромен Молина“, оваа недела екс играчот за врска на француската репрезентација одбил понуди да го води парискиот тим. Страните не успеале да се договорат.
Сепак, катарските сопственици на клубот нема да ја напуштат оваа идеја и ја сметаат соработката со Зидан за приоритет.
Во исто време, новиот фудбалски советник на клубот, Луис Кампос, продолжува да инсистира Кристоф Галтие, кој сега работи во Ница, да стане главен тренер на ПСЖ.