петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жил Кунде во Барселона

Жил Кунде во Барселона

Фудбалскиот тим на Барселона официјално доведе фудбалер во одбраната, откако потпиша со францускиот репрезентативец Жил Кунде од Севилја.

Барселона и Севилја се договорија за трансфер, а пресуди желбата на Кунде да дојде на „кам Ноу“, иако финансиски подобра беше понудата од лондонски Челси, па сега Французинот треба да ги мине лекарските прегледи пред официјално да го потпише договорот.

Кунде со Барселона ќе потпише договот до 2027 година.

Тој беше најскапото засилување на Севилја пред три години кога за него Андалузијците платија 25 милиони евра, а сега ќе заработат од него скоро 60 милиони.