Шведската фудбалска ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ може да стане рекордер на МЛС, пренесе „ЕСПН“.
Според неговиот нов договор со Лос Анџелес Галакси, 37-годишниот напаѓач ќе добие меѓу 7 и 7,5 милиони долари. Ова може да биде највисока плата во историјата на МЛС.
До моментов, најплатен фудбалер во Лигата беше Кака, кој во 2017 година зеде 7,17 милиони долари од Орландо Сити.
Во 2018 година, Ибра доби 1,5 милиони долари од Л.А. Галакси. Тој постигна 22 гола и направи 10 асистенции за 27 натпревари во својата прва сезона во МЛС.