четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Златко Далиќ го напушта селекторското место во Хрватска?

Златко Далиќ го напушта селекторското место во Хрватска?

Оваа информација ја објави италијанскиот новинар за трансфери Руди Галети. Тој наведува дека саудискиот клуб Ал Наср испратил понуда до Далиќ и дека хрватскиот тренер ја разгледува. Далиќ во понеделникот за „ТВ Нова“ изјави дека размислува да продолжи да ја води селекцијата на Хрватска.

„Критиките секогаш ќе бидат со нас. Тие се дел од нашиот фолклор. Тие се тука поради некаков интерес на тие други луѓе, но јас сум селектор пет и пол години, никогаш не сум се расправал. Никогаш никому не сум кажал лош збор. Ако згрешив некаде, се извинувам. Ако загубивме, јас преземам одговорност. Отсекогаш сум го правел тоа“, изјави по финалето на Лигата на нации, Златко Далиќ.

Тој има договор со Хрватската фудбалска федерација (ХНС) до крајот на Мундијалот во 2026 година.