Напаѓачот на Португалија, Жоао Феликс, ќе го пропушти денешниот натпревар на ЕВРО 2020 против Германија.
Според „АС“, 21-годишниот напаѓач чувствувал непријатност во левиот бутен мускул и затоа стручниот штаб решил да го поштеди фудбалерот.
Натпреварот Португалија – Германија ќе се одигра попладнево во Минхен со почеток во 18 часот.
По првото коло во Ф-групата, Португалците имаат три бода, Германците се без бодови.