петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жоао Феликс незадоволен во Атлетико Мадрид

Жоао Феликс незадоволен во Атлетико Мадрид

Најскапото засилување на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, беше видно лут на одлуката на менаџерот Диего Симеоне за време на синоќешното реми (0:0) со Клуб Бриж во Лигата на шампионите. Младиот Португалец остана на клупата во четвртиот последовен натпревар на тимот.

Тој беше на загревање, но кога Феликс виде дека Чоло Симеоне ја користи својата последна смена за да го внесе Аксел Витсел во игра, тој се упати кон клупата и налутено го фрли својот дрес.

Симеоне по натпреварот изјави дека не ја видел лутата реакција на Феликс на клупата и затоа нема што да коментира на оваа тема. Во негова одбрана застана соиграчот Хозе Хименез.

„Во мојот тим сакам да имам непослушни играчи кои сакаат да играат, а кога ќе им дојде редот, тие излегуваат лути на помислата да се вложат до крај. Дајте му до знаење дека ни е важен и дека ни треба тој и неговиот гнев“, изјави Хименез.

По ова, повторно се засилија шпекулациите дека Жоао Феликс ќе си замине од Атлетико Мадрид. За него се заинтересираа Манчестер Сити и Јувентус.