недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Зомер ги испорача ветените чоколада за Де Лихт

Зомер ги испорача ветените чоколада за Де Лихт

Голманот на Баерн Минхен, Јан Зомер, го исполнил своето ветување дадено по победата на неговата екипа над ПСЖ и пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Швајцарскиот голман беше пресреќен што Матијс де Лихт исфрли една топка од гол-линијата и на тој начин спречи чист гол на гостите, па му вети цел камион со швајцарски чоколада.

Една недела подоцна, пратката од 700 килограми стигнала со големо комби пред тренинг центарот на Баерн Минхен, но клубот очекувано не дозволил да стигне до фудбалерите, односно Де Лихт.

Најдена е солуција со тоа што чоколадата се донирани во хуманитарни организации, кои подоцна ќе ги распределат на повеќе локации.