четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жоржињо заминува од Челси

Жоржињо заминува од Челси

Италијанскиот репрезентативец Жоржињо во јануари би можел да направи голем трансфер и да го напушти Челси, а како негова следна дестинација се споменува Барселона.

Барселона го гледа Жоржињо како замена за легендарниот Серхио Бускетс, кој има договор до крајот на сезоната.

Ако Жоржињо наскоро не се согласи да го продолжи договорот со Челси, ќе мора да замине во јануари бидејќи сè уште не е јасна неговата иднина во тимот на тренерот Граам Потер.

Жоржињо пристигна во Челси во 2018 година од Наполи, а притоа одигра 196 меча и постигна 27 гола, но не ги оправда очекувањата и често беше критикуван од навивачите.