Преодниот рок заврши вчера на полноќ но и покрај тоа се очекува во текот на денот Барселона да го потврди ангажманот на Маркос Алонсо, левиот бек доби раскин на договорот па како слободен играч може да потпише кога сака.
Трампата помеѓу Барселона и Челси во која ќе бидат инволвирани Пјер Емерик Обамејанг и Маркос Алонсо беше една од главните вести во последниот ден од преодниот рок.
„Сините“ го потврдија трансферот на напаѓачот, но од Камп Ноу не пристигна инфо за ангажман на левиот бек.
Но и покрај тоа што е завршен преодниот рок, Барселона може да потпише со Маркос Алонсо и Шпанецот денеска да биде регистриран.
Клучот лежи во потегот на Челси да му го раскине договорот на Маркос Алонсо пред крајот на преодниот рок, па левиот бек стана слободен играч, или според прописите во Шпанија, фудбалер без работа.
Клубовите во секое време можат да потпишат со ваков играч, но се очекува „каталонците“ денеска да ги завршат сите процедури за да можат да го вметнат Маркос Алонсо на листата за Лигата на шампиони.