Челси е подготвен да урива рекорди на трансфер пазарот и да плати 130 милиони евра за услугите на Енцо Фернандез, оваа сума е за 10 милиони евра повисока од откупната клаузула во договорот на играчот.
Енцо Фернандез минатото лето се пресели во Бенфика за 10+8 милиони евра, и со добри шест месеци во Европа и одличен настап на мундијалот во Катар, десеткратно си ја зголеми цената.
Последните информации велат дека Челси е подготвен да плати 130 милиони евра и да го направи Енцо Фернандез најскап фудбалер во историјата на Премиерлигата, и најскапа продажба во историјата на Бенфика.
Во договорот на Аргентинецот има откупна клаузула од 120 милиони евра, па на многумина се чудат зошто Челси се решава да плати десетина милиони повеќе.
Доколку се активира клаузулата, целата сума од 120 милиони евра треба да биде платена веднаш, што е голема инвестиција.
Челси е подготвен да плати повеќе само за да може да преговара за структурата на трансферот, односно сумата да биде платена на неколку рати, како и можноста сумата да се подели на фиксен дел и бонуси и на тој начин трансферот да биде исплатен во подолг временски период и со помали исплати.