понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Зошто дресот на Нигерија се распородаде за 15 минути?

Зошто дресот на Нигерија се распородаде за 15 минути?

Дресот што ќе го носи фудбалската репрезентација на Нигерија на Светското првенство во Русија беше распродаден за 15 минути.

Раководството на една од најголемите светски спортски компании „Најк“ беше изненадено, бидејќи од моментот на пуштање во продажба на националниот дрес на Нигерија, истиот за 15-тина минути не можеше да се најде во слободна продажба, ниту на официјалниот сајт на компанијата.

За нигериските дресови постоеше голем интерес меѓу љубителите на фудбалот и колекционерите на ретки дресови уште пред тие да бидат пуштени во официјална продажба.

Нигерија на Мундијалот во Русија се натпреварува во група со Аргентина, Исланд и Хрватска.

Навивачите на Нигерија, но и бројните симпатизери низ светот кои го прифаќаат нигерискиот тим како свој, сега може само да се надеваат дека Нигеријците ќе се изборат за пласман во осминафиналето. Односно доколку Нигерија стигне до нокаут фазата, нивните интересни дресови повторно ќе се најдат во продавниците на „Најк“.