петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Зошто Георгина Родригез беше озвучена на мечот меѓу Португалија и Белгија?

Зошто Георгина Родригез беше озвучена на мечот меѓу Португалија и Белгија?

Репрезентацијата на Португалија својот пат на Европското првенство го заврши во осминафиналето, а многу внимание и овој пат привлече Кристијано Роналдо, како неговата животна сопатничка Георгина Родригез.

И додека Роналдо на теренот се обидуваше да направи нешто поваќа, поддршката му доаѓаше од трбините, а на една фотографија од стадионот, очигледно е дека Георгина имала микрофон. На многумина не им беше јасно зошто е озвучена.

Меѓутоа стигна објасување од нејзиниот ПР тим. Георгина носела микрофон затоа што Нетфликс во моментов снима документарен филм за нејизниот живот.

Овој документарец ќе го носи името „Георгина“, а целта е да се покаже како е да се биде во врска со еден од најбогатите и најдобри спортисти на светот.

Георгина пораснала во малото шпанско гратче Јака, а со 17 години се преселила во Мадрид, каде почнала да гради кариера. Работела во една продавница на Гучи во Мадрид, каде го запознала Роналдо, а останатото е историја.

Се посвети на семејниот живот со португалскиот фудбалер, но и на работен план и оди одлично. Има направено неколку богати спонзорски договори, а шлаг на тортата е понудата од Нетфликс кој без размислување ја прифатила.