Украинската репрезентација го освои првиот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг. На денешните
натпревари во скијање слободен стил, Александар Абраменко освои сребро во акробации и им ја донесе на Украинците првата награда на Игрите.
Абраменко едена од првите честитки ги доби од Русинот Илја Буров кој стигна до бронзениот медал.
Претходно, раководството на Министерството за спорт на Украина им препорача своите спортисти и тренери на Олимпијадата во Пекинг да не стојат покрај Русите кога тие во раце го држат знамето на Рускиот олимписки комитет.
Сепак, денешниот гест на двајцата спортисти покажа дека во спортот и Олимпијадите нема место за политиката.